Македонски — Ilinden
banner-printing-va.jpg
Printing.png
banner-printing-va.jpg

Илинден & Делпак


SCROLL DOWN

Илинден & Делпак


Со задоволство ви нудиме најдобра услуга за принтање на вашите налепници, пакувања, кутии или промотивен материјал. Доколку немате дефинирано дизајн, доверете ни се за да го добиете најатрактивниот производ на полиците во маркетите. Секоја идеа што ја имате, нашите дизајнери можат да ја пресликаат на вашата амбалажа. Користејќи ја најсофистицираната технологија во регионот, Илинден и Делпак се етаблирани на пазарот како тим што ги нуди сите печатарски услуги со врвен квалитет, а најниска цена. Реномирани компании во регионот како Брилијант, Витаминка, Винчини, Виталија, Просветно Дело, Ѓурѓа, Рио Кафе, Комерцијална Банка, Млекара Штип и многу други ни се имаат доверено да ја обликуваме естетската надворешност на нивните добро познати производи.

Почетоците на печатарската дејност во Штип и регионот кои се идентификуваат со денешната печатница Илинден, се бележат во 1944. Почнувајќи со скромна технологија практикувајќи висок печат (оловни букви), локалното население се информирало за битките што се воделе во регионот за време на Втората Светска Војна. Во 1975г. печатницата се модернизира и го воведува и рамниот печат (офсет печат) што го користиме за печатење на учебници, книги, списанија, етикети, плакати, покани, обрасци и картонска амбалажа. Исто така нудиме и услуги за доработување како: тврд и мек повез (книговезница), пластификација, ламинирање, штанцање, сечење, лепење, обликување и правење на различни видови кутии.

Технологијата што ја користиме ја доградивме неколку пати за да можеме да го достигнеме нашиот сегашен месечен капацитет од 150 тони, а истовремено да го намалиме и времето на испорачка. Користиме ЦТП (Computer-to-plate) технологија што ни овозможува да ја испорачаме најбрзата услуга за печатење во регионот.  

Во 2004, Делпак, компанија што нуди печатарски услуги користејки технологија наречена ротогравура, индиректно се придружи на фамилијата Макпромет. Така се формираше тимот Илинден - Делпак што ја зголеми нашата палета на понудени услуги, до степен каде што ги опфаќаме сите печатарски услуги. Печатницата Делпак има месечен капацитет од околу 300 тони хартија  на која повеќето модификации се возможни.

Ги очекуваме вашите нарачки...

 

е-маил: ilinden2002@makpromet.com.mk       Тел. 1: +389 32 391 251       Тел. 2: +389 32 384 437 

Printing.png

Формулар за контакт


Формулар за контакт


Име *
Име