КАРТОНСКА АМБАЛАЖА
Добрата амбалажа
ја раскажува
вашата приказна.
Димензиите, картонот, печатот и доработката ги избираме според вашиот производ и начинот на пакување.

КОНСТРУКЦИЈА / МАТЕРИЈАЛ / ПЕЧАТ
Амбалажа приспособена
на вашиот производ.
Амбалажата треба да изгледа добро, правилно да се составува и да одговара на начинот на пакување. Затоа почнуваме со намената.
01
Преклопни кутии
Кутии за производи со конструкција и димензии според содржината.
02
Обвивки и влошки
Картонски елементи за претставување, групирање и фиксирање на производите во пакувањето.
03
Промотивни пакувања
Решенија за подарочни сетови, кампањи и посебни изданија.
ВОДИЧ НИЗ КОНСТРУКЦИИТЕ
Еден производ.
Повеќе можни форми.
Почетна точка за разговор за вашата амбалажа.

Reverse / straight tuck end
Кутија со клапни
За лесни производи и пакувања што треба повторно да се затвораат.
ECMA A20.20.03.01 / A20.20.03.03

Crash-lock / auto-bottom
Автоматско дно
За побрзо рачно составување. Носивоста се усогласува со производот и картонот.
ECMA A60.20.00.03

Sleeve
Картонска обвивка
За брендирање на постојно пакување или групирање производи.
ECMA A01.01.00.00

Tray + lid
Кутија со капак
За комплети производи и подарочни пакувања со посебно дно и капак.

Window carton
Кутија со прозорец
Кога производот треба да се гледа. Прозорецот и материјалот се договараат.

Display / POS
Продажен дисплеј (POS)
За групирање и изложување помали производи на продажно место.

Inserts
Влошки и разделници
За позиционирање или раздвојување на производите внатре во пакувањето.
↗
Да ја најдеме
вистинската форма.
Испратете димензии, тежина или примерок. Ќе ја усогласиме конструкцијата за вашиот производ.
Кројната шема (dieline) за производство се изработува за конкретната нарачка. ECMA кодовите се наведени како референца; конструкцијата, материјалот и можноста за изработка се потврдуваат со понудата.

ДА ЈА ПОГОДИМЕ КОМБИНАЦИЈАТА
Соодветен картон.
Внимателна доработка.
При изборот на картон ги земаме предвид цврстината, површината, изгледот и условите на употреба. Печатот и доработката ги приспособуваме на избраниот материјал.
Материјал
Вид и грамажа на картон според производот.
Боја
Печат во боја (CMYK) или договорени специјални бои.
Завршна обработка
Штанцање, бигување, пластификација и лепење според проектот.
ЈАСНИ НАСОКИ, ПОПРЕЦИЗНА ПОНУДА
Покажете ни го производот.
Тоа е првиот чекор.
01
Димензии и примерок
Должина × ширина × висина, или постојна кутија.
02
Количини
Еден тираж или неколку количини за споредба.
03
Изглед и рок
Дизајн, посакувана доработка и датум на испорака.

ФЛЕКСИБИЛНА АМБАЛАЖА
Барате пакување во ролна?
Делпак е наша партнерска компанија во Макпромет групацијата за флексографски и ротогравурен печат на флексибилна амбалажа. Разгледајте ги можностите на Делпак за пакувања од фолија и хартија.
КОРИСНО ПРЕД ПОЧЕТОК
Да ги разјасниме
деталите.
Може ли да побарам кројна шема за кутија?
Да. Испратете димензии, намена и примерок или скица. Ќе ја усогласиме конструкцијата пред конечната графичка подготовка.
Кој картон е соодветен за мојот производ?
Изборот зависи од тежината, заштитата, изгледот и условите на употреба. Наведете и дали има посебни барања за контакт со производот.
Како се одредуваат цената и рокот?
Цената зависи од спецификацијата, количината, материјалот и доработката. Рокот за изработка и испорака го потврдуваме за секоја нарачка.
СЛЕДНИОТ ЧЕКОР
Вашата идеја.
Нашиот следен проект.
Кажете ни што ви е потребно. Заедно ќе ги договориме деталите за изработката.
