Офсет печат и доработка

ОФСЕТ ПЕЧАТ / ОД 1975

Прецизна боја.
Уедначен печат.

Печат на хартија и картон за амбалажа, каталози и деловни материјали. Од подготовката на датотеката до готовиот тираж.

Офсет печатна машина

КОГА ОФСЕТОТ Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР

Технологија според
потребите на проектот.

01

Картонска амбалажа

Печат што ја поврзува графиката со конструкцијата и доработката.

02

Каталози и публикации

Публикации со повеќе страници, со уедначена боја и изглед.

03

Промотивен печат

Материјали за кампањи, производни линии и деловна комуникација.

Проверка на печатена боја

БОЈА И ПОДГОТОВКА

Пред да започне печатот,
ги договараме деталите.

Проверка на датотеката, подготовка на печатарски плочи, избор на материјал и договор за боите. Со добра подготовка, дизајнот се приспособува на условите за печат.

CMYK и специјални бои
Боите ги договараме според дизајнот и приложениот примерок или палета.

Печат и доработка
Конечниот формат и завршните операции се планираат од почеток.

ОД ИДЕЈА ДО ИСПОРАКА

Добриот печат почнува
со добар план.

Од подготовка до испорака, според барањата на вашиот производ.

01

Насоки за проектот

Производ, намена, количина и посакуван рок.

02

Подготовка

Датотека, конструкција и избор на материјал.

03

Печат

Офсет или дигитален печат, според потребите на проектот.

04

Обликување

Сечење, штанцање и бигување кога се потребни.

05

Доработка

Виткање, лепење и други договорени завршни постапки.

06

Контрола и испорака

Проверка на производот и подготовка за испорака.

Производните постапки и доработката се договараат според спецификацијата на нарачката.

КОРИСНО ПРЕД ПОЧЕТОК

Да ги разјасниме
деталите.

Офсет или дигитален печат?

Изборот зависи од количината, форматот, материјалот и доработката. Испратете ни ги основните детали и ќе предложиме соодветен начин на изработка.

Може ли да почнеме без готов дизајн?

Да. Испратете опис на производот, димензии или примерок. Заедно ќе утврдиме каква подготовка е потребна и кои се следните чекори.

Како се одредуваат цената и рокот?

Цената зависи од спецификацијата, количината, материјалот и доработката. Рокот за изработка и испорака го потврдуваме за секоја нарачка.

Може ли да побарам повторна нарачка?

Наведете ја претходната нарачка или приложете примерок. Кажете ни дали има промени во датотеката, количината или материјалот.

СЛЕДНИОТ ЧЕКОР

Вашата идеја.
Нашиот следен проект.

Кажете ни што ви е потребно. Заедно ќе ги договориме деталите за изработката.